Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 104

Фалете го со мене Јах!

Фалете го со мене Јах!

(Псалм 146:2)

1. Фали го Јах

со мене ти!

Тој нам ни подарил живот и здив.

Од ден на ден,

од ноќ во ноќ,

љубов ја краси неговата моќ.

За него пееме најрадосно!

2. Фали го Јах,

силно, на глас,

тој што со љубов се грижи за нас.

Светиот дух

Тој ни го дал.

Со него слабиот станува јак.

Јах да е славен во вечност, без крај!

3. Фали го Јах,

нашиот Бог!

Правда ќе донесе наскоро тој.

Гревот ќе е

збришан за век.

Тажните срца ќе пронајдат лек.

Запејте сите во негова чест!