Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 132

Победничка песна

Победничка песна

(2. Мојсеева 15:1)

1. Пеј за Јехова! Неговото име е вечно.

Ја фрли в море војската фараонова.

Јах да е славен! Во силата кој му е рамен?

Извојува за Израел славна победа.

(РЕФРЕН)

Јехова Боже, Семоќен си

и победник отсекогаш си бил.

Ќе пропаднат пред тебе сите зли.

Во вечност Цар ќе бидеш ти.

2. Гледај, се збрале народите против Јехова.

Од Египет се погорди, многу посилни.

Срам нив ги чека. Во Армагедон им е крајот.

Ќе признаат: се бори Јехова против нив.

(РЕФРЕН)

Јехова Боже, Семоќен си

и победник отсекогаш си бил.

Ќе пропаднат пред тебе сите зли.

Во вечност Цар ќе бидеш ти.