Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 94

Задоволни со Божјите добри дарови

Задоволни со Божјите добри дарови

(Јаков 1:17)

1. Сѐ што е вредно, убаво,

и секој добар дар

ни доаѓа одозгора,

го дава Богот наш.

Величествен е дарител

и не се менува.

Тој извор е на животот

и ни дава светлина.

2. Со грижи за потребите

да не претераме.

Штом птиците ги храни Бог,

зар нас не ќе може?

Да не ни мине животот

на нешто безвредно.

Задоволни со малку,

даваме повеќе за Бог.

3. За пари, углед, положба

се борат луѓето,

но тоа е бескорисно,

за Бог е суетно.

Богатството на небото

е трајно, сигурно.

Штом окото е бистро,

имаме мир, задоволство.