Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 96

Барај ги достојните

Барај ги достојните

(Матеј 10:11-15)

1. Господарот Исус нѐ поучил нас,

за службата упатства дал:

Со горливост барај ги луѓето кои

чувствуваат духовен глад.

На сите посакај им најпрво мир,

а достојните поучи ги.

Но, кога е некој непријатен, груб,

тогаш мирно замини си ти.

2. А тој што те прима со исправен став,

го прима Господарот наш.

Неговото срце го отвора Бог,

да му служи ќе посака сам.

Не грижи се што ќе му зборуваш ти,

ќе те води Јехова во сѐ.

Одговорот љубезен, секогаш благ,

за понизните привлечен е.