Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Пораката од Библијата — краток преглед

Пораката од Библијата — краток преглед
  1. Јехова ги создава Адам и Ева со намера вечно да живеат во рајски услови. Сатана го клевети Јехова и го доведува во прашање неговото право да биде Севишен Владетел. Адам и Ева му се придружуваат на Сатана во побуната. Така тие, а и нивните потомци, стануваат грешни и поради тоа умираат

  2. Јехова им изрекува пресуда на бунтовниците и ветува дека ќе дојде едно Потомство, односно Избавител, кој ќе го уништи Сатана и ќе ги отстрани сите последици од побуната и гревот

  3. Јехова им ветува на Авраам и на Давид дека од нивната лоза ќе дојде Потомството, односно Месијата, кој ќе царува засекогаш

  4. Преку своите пророци, Јехова открива дека Месијата ќе ги избави луѓето од гревот и смртта. Заедно со своите совладетели, тој ќе владее како Цар на Божјето Царство, кое ќе им стави крај на војните, болестите, па дури и на смртта

  5. Јехова го испраќа својот Син на Земјата и јасно покажува дека Исус е Месијата. Исус проповеда за Божјето Царство и го дава својот живот како откупнина. Потоа Јехова го воскреснува како духовно суштество

  6. Јехова го устоличува својот Син како Цар на небото. Со тој настан започнуваат последните денови на овој свет. Исус ги води своите следбеници додека по целата Земја проповедаат за Божјето Царство

  7. Јехова му заповеда на својот Син да ја воспостави својата царска власт и на Земјата. Божјето Царство ќе ги уништи сите лоши човечки влади ќе го обнови рајот и ќе им помогне на послушните луѓе да станат совршени. Јехова ќе докаже дека има право да биде Севишен Владетел и неговото име ќе биде посветено засекогаш