Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДЕЛ 6

Што учиме од големиот Потоп?

Што учиме од големиот Потоп?

Бог ги уништил злобните луѓе, но го спасил Ное и неговото семејство (1. Мојсеева 7:11, 12, 23).

Врнело 40 денови и 40 ноќи, и водата ја покрила целата Земја. Сите лоши луѓе умреле.

Бунтовните ангели ги оставиле своите човечки тела и станале демони.

Оние што биле во арката се спасиле. Иако Ное и неговото семејство умреле со текот на времето, Бог ќе ги врати во живот и тие ќе можат да живеат засекогаш.

Бог пак ќе ги уништи лошите луѓе и ќе ги спаси добрите (Матеј 24:37-39).

Сатана и демоните и понатаму ги лажат луѓето.

Денес, исто како во времето на Ное, многумина ги отфрлаат советите што Јехова со љубов ни ги дава. Наскоро тој ќе ги уништи сите што се злобни (2. Петрово 2:5, 6).

Јеховините сведоци се како Ное. Тие учат за Бог и го прават она што го вели тој.