ДЕЛ 9
Кога Земјата ќе стане рај?
Неволјите на Земјата покажуваат дека Божјето Царство наскоро ќе дојде (Лука 21:10, 11; 2. Тимотеј 3:1-5).
Во Библијата се претскажани многу од работите што се случуваат денес. Во неа пишува дека луѓето ќе ги сакаат парите, ќе им бидат непослушни на родителите, ќе ги сакаат уживањата и ќе бидат насилни.
Таа вели дека ќе има големи земјотреси, војни, глад и заразни болести. Сите овие работи се случуваат денес.
Освен тоа, Исус рекол дека добрата вест за Царството ќе се проповеда по целиот свет (Матеј 24:14).
2. Петрово 3:13).
Царството ќе го отстрани сето зло (Наскоро Јехова ќе ги уништи сите лоши луѓе.
Сатана и демоните ќе бидат казнети.
Оние што му се послушни на Бог ќе преживеат и ќе влезат во еден праведен нов свет. Таму нема да има страв. Луѓето ќе се сакаат и ќе имаат доверба еден во друг.