ДЕЛ 10
Какви благослови ќе добијат оние што му се послушни на Бог?
Повеќето луѓе што умреле ќе воскреснат на Земјата (Дела 24:15).
Замисли си какви благослови ќе имаш во иднина ако си му послушен на Јехова! Ќе бидеш совршено здрав. Никој нема да биде болен. Нема да има лоши луѓе и ќе можеш да им веруваш на сите.
Нема да има веќе болка, тага ниту солзи. Никој нема да старее и да умира.
Ќе бидеш заедно со семејството и со пријателите. Животот во рајот ќе биде прекрасен.
Никој нема да се плаши. Луѓето ќе бидат навистина среќни.