Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Јаков

Да учиме од... Јаков

Да учиме од... Јаков

Јаков и брат му Исав не зборуваат со години. Всушност, Исав го мрази Јаков. Иако Јаков не направил ништо лошо, тој прв презема чекори за да се реши проблемот — прави некои отстапки. Не му е најважно да излезе како победник во расправијата, туку сака да ја придобие љубовта на брат му. Јаков не ги прекршува своите начела ниту, пак, инсистира брат му да му се извини пред да се смират (1. Мојсеева 25:27-34; 27:30-41; 32:3-22; 33:1-9).

Како ти ги решаваш несогласувањата со членовите на твоето семејство? Понекогаш можеби сметаш дека ти апсолутно си во право, а другите апсолутно грешат. Во таква ситуација дали чекаш другиот да го направи првиот потег? Или си како Јаков? Кога не се вклучени библиски начела, дали би бил спремен да направиш отстапки за да има мир дома? (1. Петрово 3:8, 9). Јаков не дозволил гордоста да му го растури семејството. Се понизил и си ги поправил односите со брат му. Дали и ти би го направил истото со членовите на твоето семејство?