Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Јов

Да учиме од... Јов

Да учиме од... Јов

Во животот на Јов настанува хаос. Прво, останува без егзистенција. Второ, му умираат сите деца. Трето, го губи здравјето. Сето ова се случува многу брзо и без никакво предупредување. Во краен очај, Јов вели: „Ѝ одмилеа животот на мојата душа“. Уште вели дека е „сит со срам и напоен со неволја“ (Јов 10:1, 15). Но, и во сета таа мака, Јов не му врти грб на својот Творец (Јов 2:10). Иако животот му се менува, не дозволува тоа да го смени него. Затоа, Јов е одличен пример за истрајност.

Кога ќе те притиснат проблеми, можеби и тебе не ти е мил животот. Сепак, исто како Јов, и ти можеш да останеш непроменет од сите промени, непоколеблив во твојата решеност да му служиш на Јехова Бог. Јаков напишал: „Ете, ги прогласуваме за среќни оние што истрајаа. Чувте за истрајноста на Јов и видовте до каков исход Јехова го доведе неговото искушение — видовте дека Јехова е полн со сочувство и милосрден“ (Јаков 5:11). Јехова се грижел за Јов, а се грижи и за тебе!