Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Тимотеј

Да учиме од... Тимотеј

Да учиме од... Тимотеј

Тимотеј се спрема да си замине од дома — не за да избега од своето семејство, туку за да служи како мисионер заедно со апостол Павле! Веројатно има дваесетина години и веќе е одговорен млад човек за кого ‚зборувале добро браќата во Листра и во Иконија‘ (Дела 16:2). Павле е уверен дека Тимотеј може да направи многу во службата за Бог. И прави! Во наредните години, Тимотеј многу патува, основа собранија и ги изградува браќата. Тој има убави особини поради кои му станува многу мил на Павле, кој околу 11 години подоцна им вели на Филипјаните: „Немам никој друг како него, кој вистински би се грижел за вашата благосостојба“ (Филипјаните 2:20).

Дали се ставаш на располагање да му служиш на Бог во поголема мера? Ако е така, те чекаат големи благослови! Јехова вистински ги цени младите кои ‚спремно се нудат‘ (Псалм 110:3). Освен тоа, можеш да бидеш сигурен дека Јехова Бог „не е неправеден, па да го заборави [твоето] дело“ (Евреите 6:10).