Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Делотворни одговори!

Делотворни одговори!

Предговор

Делотворни одговори!

‚Како да разговарам со родителите?‘ ‚Како да најдам пријатели?‘ ‚Секс без обврски — зошто не?‘ ‚Како да ја победам тагата?‘

Ако и ти си се прашувал истото, не си единствен. Во зависност од тоа од кого си барал совет, можеби си добил сосем различни одговори. За да им помогне на младите да добијат совети на кои ќе можат да се потпрат, во јануари 1982 год., во списанието Разбудете се! почна да излегува рубриката „Младите прашуваат...“ Оттогаш поминаа децении, но оваа рубрика сѐ уште ги плени читателите. Секоја статија е плод на темелно истражување. Всушност, за да ги сфатат размислувањата и чувствата на младите, писателите на Разбудете се! имаат разговарано со стотици млади луѓе од целиот свет! Но, што е уште поважно, советите во „Младите прашуваат“ се темелат на Божјата Реч, Библијата.

Книгата што сега ја држиш в раце првпат беше издадена во 1989 год. Меѓутоа, сега поглавјата се комплетно преработени за да одговараат на денешните потреби. Над 30 поглавја се земени и адаптирани од статиите „Младите прашуваат“ што беа објавени во периодот помеѓу 2004 и 2011 год.

Книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1, ќе ти го даде она што ти е потребно за да израснеш во одговорна возрасна личност. Се надеваме дека, додека ги применуваш советите дадени во неа, и ти ќе станеш како и милионите луѓе, млади и стари, чија „моќ на согледување преку искуство им е извежбана да разликува добро и зло“ (Евреите 5:14).

Издавачите