Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Која е Божјата волја?

Која е Божјата волја?

Бог сака вечно да живееме во мир и среќа во рај на Земјата!

Но, можеби ќе речеш: ‚Такво нешто не е можно‘. Библијата вели дека Божјето Царство ќе го направи тоа и дека Божјата волја е сите луѓе да дознаат кое е тоа Царство и каква е Божјата намера со нас (Псалм 37:11, 29; Исаија 9:7).

Бог сака да ни биде добро.

Исто како што еден добар татко им го мисли најдоброто на своите деца, така и нашиот небесен Татко сака вечно да бидеме среќни (Исаија 48:17, 18). Тој ветил дека „оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јованово 2:17).

Бог сака да одиме по неговите патеки.

Библијата вели дека нашиот Творец сака да „нѐ поучува за своите патишта“ за да можеме да „одиме по неговите патеки“ (Исаија 2:2, 3). Тој има „народ за своето име“ што ја објавува неговата волја низ целата Земја (Дела 15:14).

Бог сака обединето да му служиме.

Наместо да ги разединува луѓето, обожавањето на вистинскиот Бог, Јехова, ги обединува затоа што ги поттикнува искрено да се сакаат (Јован 13:35). Кој ги поучува денес луѓето во целиот свет како да му служат на Бог обединето? Оваа брошура ќе ти помогне да го најдеш одговорот.