Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 3

Како библиската вистина била повторно откриена?

Како библиската вистина била повторно откриена?

Истражувачи на Библијата, 1870-тите години

Првиот број на Стражарска кула (1879)

Стражарска кула денес

Библијата прорекла дека по смртта на Христос ќе се појават лажни учители меѓу првите христијани кои ќе ја искриват библиската вистина (Дела 20:29, 30). Со текот на времето, токму тоа и се случило. Ги помешале учењата на Исус со паганските религиозни идеи и се појавил лажен облик на христијанство (2. Тимотеј 4:3, 4). Како да бидеме сигурни дека денес исправно разбираме што навистина учи Библијата?

Дошло време Јехова да ја открие вистината. Тој претскажал дека во „времето на крајот... вистинското знаење ќе се умножи“ (Даниел 12:4). Во 1870 год., една мала група луѓе кои ја барале вистината сфатиле дека многу црковни учења не се библиски. Затоа, истражувале што навистина учи Библијата и Јехова им помогнал да ги сфатат тие учења.

Искрените луѓе внимателно ја проучувале Библијата. Тие искрени Истражувачи на Библијата, наши претходници, имале метод на проучување на Светото писмо кој го користиме и ние денес. Дискутирале за Библијата тема по тема. Кога ќе наишле на дел што тешко можел да се разбере, барале други библиски стихови со кои можеле да го објаснат тој дел. Кога ќе дошле до заклучок кој бил во согласност со целата Библија, го запишувале. Бидејќи дозволиле Библијата да се толкува самата себеси, успеале повторно да ја откријат вистината за Божјето име и за Божјето Царство, за неговата намера со човештвото и со Земјата, за состојбата на мртвите и за надежта во воскресение. Нивната потрага ги ослободила од голем број лажни верувања и обичаи (Јован 8:31, 32).

Истражувачите на Библијата сфатиле дека дошло време да ја објават вистината насекаде. Затоа, во 1879 год. почнале да го издаваат списанието што се издава и ден-денес — Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство. Сега, библиската вистина ја објавуваме во 240 земји и на преку 750 јазици. Никогаш порано вистинското знаење не било толку големо!

  • Што се случило со библиската вистина по смртта на Христос?

  • Што ни помогнало повторно да ја откриеме вистината од Божјата Реч?