Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 10

Што е Семејната вечер посветена на Јехова?

Што е Семејната вечер посветена на Јехова?

Јужна Кореја

Бразил

Австралија

Гвинеја

Уште од древни времиња Јехова сакал секое семејство да поминува време заедно за да можат членовите на семејството да се зближат со Бог и меѓу себе (5. Мојсеева 6:6, 7). Од таа причина, Јеховините сведоци секоја седмица одвојуваат време што му го посветуваат на Јехова, кога заедно, во опуштена атмосфера, разгледуваат духовни теми во склад со нивните потреби. Дури и ако живееш сам, тоа е време што можеш да го поминеш размислувајќи за Бог, можеби така што ќе проучуваш некоја библиска тема по свој избор.

Прилика да станеме поблиски со Јехова. „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Подобро го запознаваме Јехова кога преку неговата пишана Реч дознаваме детали за него како личност и за неговите постапки. Еден лесен начин да ја започнете вашата Семејна вечер е така што заедно наглас ќе читате од Библијата, можеби поглавјата од седмичното читање наведени во распоредот во работните листови за состанокот Нашиот живот и служба. Секој од семејството може да добие дел за читање, а потоа сите можат да кажат што научиле од тој извештај.

Прилика да се зближи семејството. Брачните парови, како и родителите и децата, стануваат поблиски кога заедно ја проучуваат Библијата. Семејната вечер треба да е убава, опуштена прилика која сите во семејството со нетрпение ќе ја очекуваат. Родителите треба да изберат теми што ќе одговараат на возраста на децата, можеби некои статии од Стражарска кула и Разбудете се! или од нашата интернет-страница jw.org/mk. Исто така, би можеле да гледате нешто од нашата онлајн-телевизија JW Broadcasting (tv.pr418.com), и потоа да разговарате за тоа. Би можеле да зборувате за некој проблем што децата го имаат на училиште и за тоа како да го решат. Убаво би било да ги вежбате песните што ќе се пеат на состаноците и, по Семејната вечер, да се освежите со нешто.

Ова убаво време што семејствата секоја седмица го минуваат заедно учејќи за Јехова ќе им помогне да уживаат во проучувањето на Божјата Реч, а тој богато ќе ги награди нивните напори (Псалм 1:1-3).

  • Зошто одвојуваме време за Семејна вечер?

  • Што можат да направат родителите за сите во семејството да уживаат во Семејната вечер?