Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 19

Кој е верниот и разборит роб?

Кој е верниот и разборит роб?

Духовната храна ни користи на сите

Кратко пред да умре, Исус разговарал насамо со четворица свои ученици — Петар, Јаков, Јован и Андреј. Кога кажал кој ќе биде знакот за неговата присутност во последните денови, поставил едно многу важно прашање: „Кој е верниот и разборит роб кого неговиот господар го поставил над своите слуги за да им дава храна во вистинско време?“ (Матеј 24:3, 45; Марко 13:3, 4). Исус ги уверил своите ученици дека тој како нивен „господар“ ќе постави луѓе што редовно ќе обезбедуваат духовна храна за неговите следбеници во времето на крајот. Кој го сочинува верниот и разборит роб?

Тоа е мала група следбеници на Исус помазани со свет дух. ‚Робот‘ е Водечкото тело на Јеховините сведоци. Тој обезбедува навремена духовна храна за своите соверници. Нам ни е неопходна храната што овој верен и разборит роб ни ја дава во право време (Лука 12:42).

Робот управува со Божјиот дом (1. Тимотеј 3:15). Исус му ја дал на верниот и разборит роб сериозната одговорност да води сметка за сѐ што е поврзано со активностите на земниот дел на Јеховината организација — да се грижи за материјалните поседи, да го организира проповедањето и да нѐ поучува преку нашите собранија. Според тоа, за да ни го даде во право време она што ни е потребно, „верниот и разборит роб“ нѐ храни духовно преку публикациите што ги користиме во нашата служба, како и преку програмата што се изнесува на состаноците и собирите.

Робот е верен затоа што верно се држи за библиските вистини и за својот налог да ја проповеда добрата вест и разборит е затоа што мудро се грижи за сѐ што му припаѓа на Христос на Земјата (Дела 10:42). Јехова го благословува трудот на робот, а доказ за тоа е што сѐ повеќе луѓе ја прифаќаат вистината и што добиваме изобилство духовна храна (Исаија 60:22; 65:13).

  • Кого поставил Исус да обезбедува духовна храна за неговите ученици?

  • Во која смисла робот е верен и разборит?