Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 28

Што има на нашата интернет-страница?

Што има на нашата интернет-страница?

Франција

Полска

Русија

Исус Христос им рекол на своите следбеници: „Нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да го слават вашиот Татко, кој е на небесата“ (Матеј 5:16). За таа цел, ја користиме современата технологија, вклучувајќи го и Интернет. На нашата интернет-страница, jw.org/mk, можеш да најдеш многу информации за верувањата и активностите на Јеховините сведоци. Што има на неа?

Библиски одговори на некои вообичаени прашања. Можеш да ги најдеш одговорите на некои од најважните прашања воопшто. На пример, трактатите Ќе им дојде ли крај на страдањата? и Ќе има ли воскресение? се достапни онлајн на преку 600 јазици. Можеш да го најдеш и Светото писмо — превод Нов свет на повеќе од 130 јазици, а и голем број публикации за проучување на Библијата, меѓу кои и книгата Што навистина учи Библијата? и тековните броеви на Стражарска кула и Разбудете се! Многу од овие публикации може да ги читаш или да ги слушаш онлајн или да ги преземеш во различен формат, на пример, MP3, PDF или EPUB. Можеш и да отпечатиш неколку страници за некој што се интересира за Библијата, и тоа на неговиот јазик! Достапни се и видеопубликации на повеќе знаковни јазици. Можеш да симнеш снимки со драмско читање на Библијата, библиски драми и убава музика во која можеш да уживаш во слободното време.

Точни информации за Јеховините сведоци. На страницата се ставени и најновите вести и видеоклипови во врска со нашето меѓународно дело, настани поврзани со Јеховините сведоци и вести за нашите акции за помош при катастрофи. Можеш да најдеш информации за претстојните конгреси и како да стапиш во контакт со нашите подружници.

На овој начин пуштаме светлината на вистината да свети и до најоддалечените краеви на Земјата. Таа достига до луѓе од секој континент, дури и од Антарктикот. Наша желба е „Јеховината реч брзо да се шири“ по целиот свет, за слава на Бог (2. Солуњаните 3:1).

  • Како преку нашата интернет-страница им се помага на многу луѓе да ја дознаат библиската вистина?

  • Што би сакал да пребаруваш на нашата интернет-страница?