Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА 9

Еремија не престанал да зборува за Јехова

Еремија не престанал да зборува за Јехова

Зошто луѓето му се лутат на Еремија?

Јехова го спасил Еремија

Понекогаш луѓето ни се смеат или ни се лутат кога им кажуваме за Јехова. Тогаш можеби ни доаѓа да престанеме да зборуваме за Бог. Ти доаѓа ли и тебе некогаш така?— Библијата ни кажува за едно момче по име Еремија. Еремија многу го сакал Јехова, но за малку ќе престанел да зборува за него. Ајде да научиме нешто повеќе за Еремија.

Кога Еремија бил млад, Јехова му рекол да оди и да им кажува на луѓето да престанат да прават лоши работи. На Еремија не му било лесно да го прави тоа, а му било и страв. Тој му рекол на Јехова: ‚Јас не знам што да зборувам. Уште сум дете‘. Но, Јехова му рекол: ‚Не плаши се. Јас ќе ти помагам‘.

Така, Еремија почнал да им кажува на луѓето дека Бог ќе ги казни ако не се поправат. Што мислиш, дали луѓето направиле како што им кажал Еремија?— Тие му се смееле и многу му се налутиле. Некои сакале дури и да го убијат! Како му било на Еремија?— Тој се уплашил и рекол: ‚Повеќе нема да зборувам за Јехова‘. Ама, дали навистина го направил тоа?— Еремија толку многу го сакал Јехова што не можел да престане да зборува за него. А затоа што не престанал, Јехова го чувал.

Еднаш, едни лоши луѓе го фрлиле Еремија во длабока дупка полна со кал. Таму немал ни леб ни вода. Тие лоши луѓе сакале Еремија да умре таму. Но, Јехова му помогнал да излезе од дупката!

Што учиш од Еремија?— Иако понекогаш се плашел, Еремија не престанал да зборува за Јехова. Кога им кажуваш на другите за Јехова, можеби ќе ти се смеат или ќе ти бидат лути. Можеби ќе ти биде срам, а можеби и ќе се уплашиш. Но, никогаш немој да престанеш да зборуваш за Јехова. Тој секогаш ќе ти помага, исто како што му помагал и на Еремија.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА: