Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА 12

Едно храбро момче го спасило Павле

Едно храбро момче го спасило Павле

Ајде да дознаеме нешто за едно момче што му го спасило животот на својот вујко. Вујко на ова момче му бил апостол Павле. Не знаеме како се викал внукот на Павле, но знаеме дека бил многу храбар. Сакаш ли да знаеш што направил тој?—

Павле бил во затвор во Ерусалим. Го ставиле в затвор затоа што им кажувал на другите за Исус. Едни лоши луѓе го мразеле Павле и затоа смислиле злобен план. Тие рекле: ‚Ајде да му кажеме на заповедникот на војската неговите војници да го однесат Павле во судот. А ние ќе се скриеме и кога Павле ќе оди накај судот, ќе го убиеме!‘

Внукот на Павле им кажал на Павле и на заповедникот за злобниот план

Ова го чул внукот на Павле. Што направил тој? Отишол во затворот и му кажал на Павле за планот. Павле му рекол веднаш да оди кај заповедникот и да му каже сѐ. Што мислиш, дали на момчето му било лесно да го направи тоа?— Не му било лесно затоа што заповедникот бил важен човек. Ама, внукот на Павле бил храбар и отишол да зборува со заповедникот.

Заповедникот добро знаел што треба да направи. Собрал речиси 500 војници за да го чуваат Павле! Им рекол вечерта да го однесат Павле во Цезареја. Дали Павле се спасил?— Да, затоа што лошите луѓе не можеле да го нападнат! Нивниот злобен план не успеал.

Што учиш од оваа приказна?— И ти можеш да бидеш храбар како внукот на Павле. Треба да бидеме храбри кога зборуваме со другите за Јехова. Ќе бидеш ли храбар и ќе продолжиш ли да зборуваш за Јехова?— Ако го правиш тоа, и ти може да спасиш нечиј живот.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА: