Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Лево: бетелското семејство во Бруклин за последен пат го славело Божиќ во 1926 год.; десно: луѓето забележуваат дека Јеховините сведоци се поинакви од другите

ТРЕТ ДЕЛ

Закони и начела на Царството — ја бараме Божјата праведност

Закони и начела на Царството — ја бараме Божјата праведност

ИЗЛЕГУВАЈЌИ од дома, го здогледуваш соседот и му мавнуваш со раката. Во последно време забележуваш дека со посебен интерес те набљудува тебе и твоето семејство. И тој те поздравува, и со раката ти дава знак да му се приближиш. „Може ли да Ве прашам нешто?“, ти вели. „Ве гледам веќе некое време, и забележувам дека сте поинакви од другите луѓе“. „Како мислите ,поинакви‘?“, прашуваш малку изненадено. „Па, слушнав дека сте Јеховини сведоци. Вашата вера многу се разликува од другите. Не славите празници, не се мешате во политика, не одите во војна, не пушите... А и децата Ви се многу убаво воспитани. Зошто толку се разликувате од останатите?“

Ти знаеш дека одговорот е многу едноставен: Ние сме поданици на Божјето Царство. Исус, нашиот Цар, ни помага да се менуваме и да се подобруваме во секој поглед. Нѐ поттикнува да одиме по неговите стапки и да бидеме поинакви од овој расипан свет. Во овој дел ќе видиме како месијанското Царство му помагало на Божјиот народ да се подобрува во духовен, морален и организациски поглед, и како сето тоа му донело слава на Јехова.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 10

Царот им помага на поданиците да бидат духовно чисти

Што е заедничко за Божиќ и крстот?

ПОГЛАВЈЕ 11

Морална чистота — одраз на Божјата светост

Од 1914 год., стражарниците и влезовите од видението што го добил Езекиел во врска со храмот имаат посебно значење за Божјиот народ.

ПОГЛАВЈЕ 12

Организирани да му служиме на „Богот на мирот“

Во Библијата се вели дека мирот, а не редот, е спротивен на нередот. Зошто? Како одговорот на ова прашање ги засега христијаните денес?