Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 2

Бог ги направил првите луѓе

Бог ги направил првите луѓе

Јехова направил градина во едно место кое се викало Еден. Таа градина била полна со секакви цвеќиња, дрвја и животни. Потоа Јехова од прав го направил првиот човек, Адам, и му дувнал во носот. Знаеш ли што се случило тогаш? Адам оживеал! Јехова му дал задача да се грижи за градината и да им стави имиња на сите животни.

Јехова му кажал на Адам нешто многу важно: „Можеш да јадеш од сите дрвја, но од едно посебно дрво не смееш да јадеш. Ако каснеш од него, ќе умреш“.

По некое време, Јехова рекол: „Ќе му направам помошничка на Адам“. Тогаш Бог направил Адам цврсто да заспие, зел едно ребро од него и му направил жена. Таа се викала Ева. Така, Адам и Ева станале првото семејство. Што мислел Адам за својата жена? Тој бил толку среќен што рекол: „Колку убаво нешто направи Јехова! Најпосле некој како мене“.

Јехова им рекол на Адам и на Ева да си имаат дечиња, и Земјата да се наполни со луѓе. Тој сакал тие да бидат радосни додека малку по малку ја прошируваат убавата рајска градина низ целата Земја. Но, нешто тргнало наопаку. Што се случило? Тоа ќе го дознаеме од следното поглавје.

„Оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско“ (Матеј 19:4)