Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 3

Адам и Ева не го послушале Бог

Адам и Ева не го послушале Бог

Еден ден, кога Ева била сама, една змија почнала да ѝ зборува. Змијата ѝ рекла: „Точно ли е дека Бог не ви дава да јадете од секое дрво?“ Ева одговорила: „Можеме да јадеме од сите дрвја, само од едно не смееме. Ако јадеме од него, ќе умреме“. Тогаш змијата рекла: „Нема да умрете. Ако јадете од него, ќе бидете како Бог“. Дали тоа било точно? Не. Тоа било лага. Сепак, Ева поверувала. Колку повеќе го гледала плодот толку повеќе сакала да го проба. Таа каснала од плодот, а му дала и на Адам. Иако Адам знаел дека ќе умрат ако не го слушаат Бог, сепак и тој јадел од плодот на тоа дрво.

Истиот ден, Јехова ги повикал Адам и Ева. Ги прашал зошто не го послушале. Ева рекла дека змијата е крива, а Адам рекол дека Ева е крива. Бидејќи Адам и Ева му биле непослушни на Бог, тој ги избркал од градината. За да не можат да се вратат назад, Јехова на влезот поставил ангели и меч со пламено сечило.

Јехова рекол дека ќе биде казнет и оној што ја излажал Ева. Дали тоа била змијата? Не. Јехова не создал змии што зборуваат. Еден лош ангел направил да изгледа дека змијата зборува, и така ја измамил Ева. Тој лош ангел е наречен Сатана Ѓаволот. Во иднина, Јехова ќе го уништи Сатана за да не може повеќе да ги наведува луѓето да прават лоши работи.

„Ѓаволот... е човекоубиец откако се побуни, и не остана постојан во вистината, бидејќи во него нема вистина“ (Јован 8:44)