Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 4

Лутина што водела до грев

Лутина што водела до грев

Откако Адам и Ева заминале од рајската градина, им се родиле многу деца. Нивниот прв син, Каин, станал земјоделец, а нивниот втор син, Авел, станал овчар.

Еден ден, Каин и Авел му принеле жртви на Јехова. Знаеш ли што е жртва? Тоа е дар што му се дава на Бог. Јехова ја прифатил жртвата на Авел, но не бил задоволен од жртвата на Каин. Тоа многу го налутило Каин. Затоа Јехова го опоменал и му рекол дека, ако продолжи да се лути, може да направи нешто лошо. Но, Каин не послушал.

Наместо тоа, му рекол на Авел: „Дојди со мене во полето“. Кога отишле таму, Каин го нападнал својот брат и го убил. Што направил Јехова? Го казнил Каин така што го истерал далеку од неговото семејство. Каин не смеел никогаш повеќе да се врати назад.

Што учиме од ова? Можеби ќе почнеме да се лутиме ако не е сѐ како што сакаме ние. Ако сфатиме дека стануваме сѐ полути — или ако некој нѐ опомене дека сме премногу лути — треба веднаш да се поправиме и да почнеме да си ги контролираме чувствата за да не почнат тие да нѐ контролираат нас.

Бидејќи Авел го сакал Јехова и правел добри работи, Јехова не го заборавил. Тој повторно ќе го врати во живот кога ќе ја претвори Земјата во рај.

„Прво помири се со братот, а потоа врати се и принеси го својот дар“ (Матеј 5:24)