Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 6

Осум души го преживеале Потопот

Осум души го преживеале Потопот

Ное, неговото семејство и животните влегле во арката. Јехова ја затворил вратата, и тогаш почнало да врне. Паднало толку многу дожд што арката почнала да плови. По некое време, целата Земја била прекриена со вода. Не преживеал ниту еден од лошите луѓе. Но, Ное и неговото семејство биле на сигурно во арката. Замисли колку биле среќни што го послушале Јехова!

Врнело цели 40 дена и 40 ноќи, и тогаш дождот престанал. Водата полека почнала да се намалува. На крајот, арката застанала на една планина. Сепак, наоколу сѐ уште имало многу вода, па Ное и неговото семејство не можеле веднаш да излезат надвор.

Малку по малку, водата се исушила. Ное и неговото семејство биле во арката подолго од една година. Тогаш Јехова им рекол да излезат. На Земјата немало ниту еден лош човек. Ное и неговото семејство биле многу благодарни што Јехова ги спасил, и својата благодарност ја покажале така што му принеле жртва.

Јехова бил задоволен од таа жртва. Тој ветил дека никогаш повеќе нема да уништи сѐ што е на Земјата со потоп. Тој направил на небото да се појави првото виножито за да нѐ потсетува на тоа ветување. Дали некогаш си видел виножито?

Исто така, Јехова им рекол на Ное и неговото семејство да имаат деца и да ја населат целата Земја.

„Ное влезе во арката, и [луѓето] не обрнуваа внимание додека не дојде потопот и ги однесе сите“ (Матеј 24:38, 39)