Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 7

Вавилонската кула

Вавилонската кула

После Потопот, синовите на Ное и нивните жени имале многу деца. Семејствата станувале сѐ поголеми и почнале да се населуваат на различни места по Земјата, токму како што им рекол Јехова.

Но, некои семејства не му биле послушни на Јехова. Тие рекле: „Да си направиме град и да останеме овде. Ќе изградиме толку висока кула што ќе стигне до небото. Така ќе станеме славни“.

На Јехова не му се допаднало тоа што почнале да го прават овие луѓе, и затоа ги спречил. Знаеш ли како? Тој направил тие да зборуваат на различни јазици. Бидејќи повеќе не можеле да се разберат еден со друг, престанале да градат. Тој град станал познат како Вавел, што значи „збрка“. Луѓето почнале да си одат оттаму и да се населуваат по целата Земја. Но, и онаму каде што се населиле продолжиле да прават лоши работи. Дали на Земјата имало некој што го сака Јехова? Тоа ќе го дознаеме во следното поглавје.

„Секој што се возвишува, ќе биде понижен, а оној што се понизува, ќе биде возвишен“ (Лука 18:14)