Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 23

Израелците му дале ветување на Јехова

Израелците му дале ветување на Јехова

Околу два месеци откако си заминале од Египет, Израелците стигнале кај планината Синај и поставиле шатори. Мојсеј се качил на планината, и таму Јехова му рекол: „Еве, ги спасив Израелците. Ако ми се послушни и ако ги држат моите закони, ќе ми бидат посебен народ“. Мојсеј се вратил кај Израелците и им го пренел она што го слушнал од Јехова. Како реагирале тие? Сите заедно рекле: „Ќе правиме сѐ што ќе ни каже Јехова“.

Мојсеј повторно се качил на планината. Тогаш Јехова му рекол: „Задутре ќе зборувам со тебе. Кажи им на луѓето да не се обидуваат да се качат на планината Синај“. По ова, Мојсеј се симнал кај Израелците и им рекол да се спремат за да го слушнат Јехова.

На третиот ден, луѓето виделе молњи и темен облак над планината. Освен тоа, слушнале силни громови, како и звук од рог. Тогаш Јехова дошол на планината во оган. Кога го виделе тоа, Израелците почнале да се тресат од страв. Но, и целата планина почнала силно да се тресе, а околу неа имало чад. Звукот од рогот станувал сѐ погласен и погласен. Тогаш Јехова рекол: „Јас сум Јехова. Не смеете да им служите на други богови“.

Мојсеј уште еднаш се качил на планината, и Јехова му дал закони за тоа како луѓето да му служат и како да се однесуваат. Мојсеј ги напишал овие закони и потоа им ги прочитал на Израелците. Сите тие во еден глас ветиле: „Ќе правиме сѐ што кажал Јехова“. Да, Израелците му дале ветување на Бог. Но, дали го исполниле?

„Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум“ (Матеј 22:37)