Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 31

Исус Навин и Гаваонците

Исус Навин и Гаваонците

Низ целата ханаанска земја се расчуло што се случило со Ерихон. Затоа, царевите од Ханаан се здружиле за да се борат со Израелците. Но, Гаваонците смислиле нешто друго. Облекле стари алишта и отишле кај Исус Навин. Тие му рекле: „Доаѓаме од далечна земја. Слушнавме што сѐ направил Јехова за вас во Египет и во Моав. Ако ни ветите дека нема да нѐ нападнете, ние ќе станеме ваши слуги“.

Исус Навин им поверувал на овие луѓе и им ветил дека нема да ги нападне. Но, по три дена дознал дека тие не се од некоја далечна земја. Всушност, тие биле од Ханаан. Исус Навин ги прашал: „Зошто нѐ излажавте?“ А тие му одговориле: „Се исплашивме! Знаеме дека Јехова, вашиот Бог, се бори за вас. Ве молиме, не нѐ убивајте“. Исус Навин го одржал ветувањето што им го дал, и не ги убил.

По кратко време, пет ханаански цареви се собрале за да ги нападнат Гаваонците. Исус Навин цела ноќ пешачел со својата војска за да ги спаси. Борбата почнала рано наутро. Ханаанците се разбегале, но не можеле да се скријат од Јехова, кој им пуштил силен град од небото. Потоа, Исус Навин побарал Јехова да го запре сонцето. Како можел да побара нешто што никогаш порано не се случило? Исус Навин имал вера во Јехова! Сонцето застанало и силно светело сѐ додека Израелците потполно не ги победиле ханаанските цареви и нивните војски.

„Кога ќе речете: ’Да‘, тоа нека значи ’да‘, а кога ќе речете: ’Не‘, тоа нека значи ’не‘. Што е повеќе од тоа, од Злобниот е“ (Матеј 5:37)