Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 35

Ана се молела за син

Ана се молела за син

Еден Израелец по име Елкана имал две жени — Ана и Фенина. Сепак, тој повеќе ја сакал Ана. Фенина имала многу деца и постојано ја исмејувала и понижувала Ана затоа што таа немала деца. Елкана секоја година го носел семејството во Сило, кај светиот шатор, за да му принесат жртва на Јехова. Еднаш, додека биле во Сило, тој забележал дека Ана, која толку ја сакал, била многу тажна. Елкана ѝ рекол: „Ана, не плачи. Еве, јас сум со тебе и многу те сакам“.

Подоцна Ана отишла во светиот шатор сама за да му се помоли на Јехова. Таа не можела да престане да плаче додека му кажувала на Јехова колку ѝ е тешко, и го молела за помош. Ана му ветила: „Јехова, ако ми дадеш син, јас ќе ти го дадам тебе за да ти служи цел живот“.

Првосвештеникот Илиј видел дека на Ана ѝ треперат усните и помислил дека е пијана. Но, таа му рекла: „Господару, не сум пијана, туку имам голема мака и дојдов да му ја кажам на Јехова“. Илиј сфатил дека не е во право и ѝ рекол: „Бог нека ти го даде она што го бараш“. На Ана ѝ олеснило и се вратила кај семејството. Следната година родила син и го нарекла Самоил. Можеш ли да си замислиш колку била среќна Ана што имала дете?

Ана не заборавила што му ветила на Јехова. Штом престанала да го дои малиот Самоил, го однела во светиот шатор за да служи таму. Таа му рекла на Илиј: „Еве го детето за кое го молев Јехова да ми го даде. Му го давам на Јехова за да му служи до крајот на животот“. Елкана и Ана еднаш годишно го посетувале Самоил и му носеле по една нова наметка како подарок. Јехова ѝ дал на Ана уште три синови и две ќерки.

„Молете, и ќе ви се даде. Барајте, и ќе најдете“ (Матеј 7:7)