Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 44

Храмот на Јехова

Храмот на Јехова

Откако Соломон станал цар на Израел, Јехова го прашал: „Што сакаш да ти дадам?“ Соломон одговорил: „Јас сум млад и неискусен. Те молам, дај ми мудрост за добро да го водам твојот народ“. Јехова му рекол: „Затоа што од мене побара мудрост, ќе бидеш најмудриот човек на Земјата. Но, ќе ти дадам и богатство. А ако ме слушаш, ќе ти дадам и долг живот“.

Соломон почнал да го гради храмот. Тој користел најдобро злато, сребро, дрво и скапоцени камења. Илјадници вешти мажи и жени работеле на храмот. По седум години, храмот бил завршен и дошло време да му го посветат на Јехова. На жртвеникот имало жртви, а Соломон клекнал пред жртвеникот и се помолил: „Јехова, ти си многу поголем и повозвишен од овој храм. Но те молам, прифати ги нашите жртви и слушни ги нашите молитви“. Што мислел Јехова за храмот и за молитвата на Соломон? Штом Соломон ја завршил својата молитва, од небото се појавил оган и ги изгорел жртвите на жртвеникот. Со тоа Јехова покажал дека е задоволен од храмот и дека го прифаќа. Кога го виделе тоа, Израелците многу се израдувале.

За мудроста на цар Соломон се расчуло низ целиот Израел, а и на многу далечни места. Луѓето доаѓале кај Соломон за да им помогне да ги решат проблемите. Дури и царицата од Сава дошла кај него и му поставила тешки прашања за да провери дали е вистина она што го слушнала за него. Откако ги чула неговите одговори, таа рекла: „Кога слушав што зборуваат другите за тебе, не ми се веруваше, ама сега се уверив дека ти си дури и помудар од она што се зборува. Твојот Бог, Јехова, навистина те благословил“. Луѓето во Израел си живееле убаво и среќно. Но, со текот на времето тоа се сменило.

„Овде е некој што е поголем од Соломон“ (Матеј 12:42)