Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 48

Синот на една вдовица оживеал

Синот на една вдовица оживеал

За време на сушата, Јехова му кажал на Илија: „Оди во Сарепта. Таму една вдовица ќе ти даде да јадеш“. Кога стигнал до градската порта, Илија видел како една сиромашна жена собира дрва. Тој ѝ побарал малку вода. Кога тргнала да му донесе, ѝ довикнал: „Те молам, дај ми и малку леб“. Но вдовицата му рекла: „Извини, ама немам леб. Имам малку брашно и масло, само колку да направам нешто за да каснеме со син ми“. Илија ѝ рекол: „Јехова ветува дека, ако ми дадеш малку леб, твоето брашно и твоето масло нема да се потрошат додека трае сушата“.

Затоа, вдовицата отишла дома и направила едно лепче за пророкот на Јехова. Токму како што ветил Јехова, вдовицата и нејзиниот син имале што да јадат додека траела сушата. За сето тоа време имале доволно брашно и масло.

Еден ден, се случило нешто многу жално. Синчето на вдовицата се разболело и умрело. Таа го молела Илија да ѝ помогне. Тогаш Илија го зел детето во раце и го однел во горната соба во куќата. Го ставил на креветот и почнал да се моли: „Јехова, те молам врати му го животот на ова дете“. Тоа што го барал Илија било доста необично бидејќи никој дотогаш не се вратил од мртвите. Освен тоа, вдовицата и нејзиниот син не биле ни Израелци.

Сепак, Јехова го оживеал детенцето! Илија го однел кај мајка му и ѝ рекол: „Син ти е жив!“ Таа била пресреќна и му рекла на Илија: „Сега знам дека навистина си Божји човек затоа што го зборуваш само тоа што Јехова ќе ти го каже. И сѐ што ќе кажеш, се исполнува“.

„Набљудувајте како гавраните ниту сеат ниту жнеат, немаат складови ниту амбари, а сепак Бог ги храни. А колку поскапоцени од птиците сте вие!“ (Лука 12:24)