Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 64

Даниел бил фрлен во лавовска јама

Даниел бил фрлен во лавовска јама

Медиецот Дариј станал нов цар на Вавилон. Тој забележал дека Даниел е поинаков од другите. Затоа го поставил над важните луѓе во царството. Тие му биле толку љубоморни на Даниел што сакале тој да умре. Бидејќи знаеле дека Даниел му се моли на Јехова секој ден по трипати, му рекле на Дариј: „Царе, треба да има закон според кој сите ќе мора да ти се молат само тебе. Ако некој го прекрши тој закон, да биде фрлен во лавовска јама!“ На Дариј му се допаднал овој предлог и го потпишал законот.

Кога Даниел слушнал за новиот закон, веднаш отишол дома. Клекнал на колена пред отворениот прозорец и му се помолил на Јехова. Луѓето што му биле љубоморни упаднале во неговата куќа и го виделе како се моли. Брзо отрчале кај Дариј и му рекле: „Даниел не ти е послушен. Му се моли на неговиот Бог по трипати на ден“. Дариј го сакал Даниел и не сакал тој да умре. Цел ден размислувал како да го спаси. Но, кога царот ќе потпишел некој закон, никој не можел да го смени, дури ни самиот цар. Затоа, им наредил на своите луѓе да го фрлат Даниел во јама со гладни лавови.

Таа ноќ, Дариј толку го мислел Даниел што не можел да спие. Утрото веднаш отишол кај јамата и довикнал: „Даниел, дали твојот Бог те спаси?“

Од јамата се слушнал глас. Тоа бил Даниел! Тој му рекол на Дариј: „Јехова испрати ангел да им ја затвори устата на лавовите. Ништо не ми направија, не ме ни допреа“. Дариј многу се израдувал. Им наредил на своите слуги да го извлечат Даниел од јамата. Даниел немал ни гребнатинка. Тогаш царот наредил: „Фрлете ги во јамата луѓето што го обвинија Даниел!“ Кога ги фрлиле, лавовите веднаш ги изеле.

Дариј ја испратил следнава наредба до својот народ: „Секој мора да се плаши од Богот на Даниел. Тој го спаси од лавовите“.

Дали и ти, исто како Даниел, му се молиш на Јехова секој ден?

„Јехова знае како да ги избави од искушение луѓето што му се оддадени“ (2. Петрово 2:9)