Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 2

Вовед во дел 2

Зошто во минатото Јехова го уништил светот со потоп? Откако биле создадени првите луѓе, започнала една борба — борба меѓу доброто и лошото. Некои луѓе, како Адам, Ева и нивниот син Каин, го избрале лошото. Но други, како Авел и Ное, го избрале доброто. Сепак, повеќето луѓе станале толку лоши што Јехова морал да ги уништи. Во овој дел ќе дознаеме дека Јехова гледа што ќе избереме и дека тој никогаш нема да дозволи лошото да го победи доброто.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 3

Адам и Ева не го послушале Бог

Зошто едно од дрвјата во рајската градина било поинакво од другите? Зошто Ева каснала од неговиот плод?

ПОГЛАВЈЕ 4

Лутина што водела до грев

Јехова ја прифатил жртвата на Авел, но не бил задоволен од жртвата на Каин. Кога Каин го видел тоа, многу се налутил и направил нешто многу лошо.

ПОГЛАВЈЕ 5

Арката на Ное

Кога злобните ангели се симнале на Земјата и си зеле жени, им се родиле деца кои станале многу насилни. Но Ное бил поинаков од нив бидејќи го сакал Бог.

ПОГЛАВЈЕ 6

Осум души го преживеале Потопот

За време на Потопот врнело цели 40 дена без престан. Ное и неговото семејство биле во арката повеќе од една година, пред да дојде време да излезат од неа.