Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 4

Вовед во дел 4

Во овој дел ќе дознаеме нешто повеќе за Јосиф, Јов, Мојсеј и Израелците. Сите тие претрпеле многу проблеми поради Ѓаволот. На пример, доживеале големи неправди, биле во затвор, станале робови или им умреле некои од најблиските. Сепак, Јехова ги заштитувал на разни начини. Ако си родител, помогни му на детето да види дека тие слуги на Јехова не ја изгубиле својата вера иако поминале низ многу маки и страдања.

Јехова им нанел на Египќаните десет неволји за да им покаже дека тој е помоќен од сите нивни богови. Истакни како Јехова го штител својот народ во минатото и како го прави тоа денес.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 14

Роб кој му бил послушен на Бог

Јосиф многу страдал во животот иако го правел тоа што е исправно. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 15

Јехова не го заборавил Јосиф

Иако Јосиф бил далеку од своето семејство, Бог не го заборавил.

ПОГЛАВЈЕ 16

Кој бил Јов?

Јов му бил послушен на Бог дури и кога тоа не било лесно.

ПОГЛАВЈЕ 17

Мојсеј одлучил да му служи на Јехова

Мајка му на Мојсеј го спасила кога бил бебе.

ПОГЛАВЈЕ 18

Грмушката што горела

Зошто грмушката никако не изгорувала?

ПОГЛАВЈЕ 19

Првите три неволји

Поради тоа што фараонот бил многу горделив, Египќаните доживеале страшни неволји.

ПОГЛАВЈЕ 20

Следните шест неволји

Во кој поглед овие неволји се разликувале од претходните три?

ПОГЛАВЈЕ 21

Десеттата неволја

Оваа неволја била толку тешка што на крајот дури и горделивиот фараон попуштил.

ПОГЛАВЈЕ 22

Чудото кај Црвеното Море

Фараонот ги преживеал десетте неволји. Дали го преживеал и ова чудо од Бог?