Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 6

Вовед во дел 6

Израелците конечно стигнале во Ветената земја. Таму светиот шатор станал главното место каде што му вршеле света служба на Бог. Свештениците го поучувале народот за Божјиот закон, а судиите го воделе. Во овој дел ќе видиме колку силно може да влијаат нечии одлуки и постапки врз другите луѓе. Секој Израелец требало да му остане верен на Јехова и на останатите Израелци. Нагласи какво влијание извршиле Девора, Ноемина, Исус Навин, Ана, ќерката на Јефтај и Самоил врз луѓето околу нив. Истакни дека дури и некои што не биле Израелци како, на пример, Раав, Рут, Јаила и Гаваонците, им помогнале на Израелците бидејќи знаеле дека Бог е со нив.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 29

Јехова го избрал Исус Навин за водач

Бог му заповедал нешто на Исус Навин што може да ни помогне и нам денес.

ПОГЛАВЈЕ 30

Раав ги скрила извидувачите

Ѕидовите на Ерихон се срушиле, но куќата на Раав останала иако била дел од градските ѕидини.

ПОГЛАВЈЕ 31

Исус Навин и Гаваонците

Исус Навин го молел Бог да го запре сонцето. Дали Бог му одговорил?

ПОГЛАВЈЕ 32

Нов водач и две храбри жени

Откако умрел Исус Навин, Израелците почнале да им служат на идоли. Животот им станал тежок, но Бог им помогнал преку судијата Варак, пророчицата Девора и Јаила.

ПОГЛАВЈЕ 33

Рут и Ноемина

Две жени на кои им починале мажите се вратиле во Израел. Едната од нив, Рут, отишла да работи на нивите, каде ја забележал Вооз.

ПОГЛАВЈЕ 34

Гедеон ги победил Мадијамците

Бидејќи Мадијамците им го загорчувале животот, Израелците го молеле Јехова да им помогне. Како успеала малата војска на Гедеон да победи 135.000 војници?

ПОГЛАВЈЕ 35

Ана се молела за син

Елкана ги однел Ана, Фенина и децата во светиот шатор во Сило за да му принесат жртва на Бог. Таму Ана се молела за син. По една година, се родил Самоил.

ПОГЛАВЈЕ 36

Ветувањето на Јефтај

Што ветил Јефтај и зошто? Што рекла ќерката на Јефтај кога слушнала што ветил татко ѝ?

ПОГЛАВЈЕ 37

Јехова зборувал со Самоил

Синовите на првосвештеникот Илиј биле свештеници во светиот шатор, но ги кршеле Божјите закони. Малиот Самоил бил поинаков. Една ноќ, Јехова му се обратил.

ПОГЛАВЈЕ 38

Јехова му дал сила на Самсон

Бог му дал голема сила на Самсон за да се бори против Филистејците, но Самсон донел лоша одлука и Филистејците го заробиле.