Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 7

Вовед во дел 7

Овој дел зборува за животот на цар Саул и на цар Давид, и опфаќа период од околу 80 години. Во почетокот, Саул бил понизен и имал стравопочит кон Јехова, но потоа се сменил и не сакал да ги слуша неговите упатства. Јехова го отфрлил, и подоцна му рекол на Самоил да го помаза Давид за следен цар на Израел. Саул бил љубоморен и повеќе пати се обидел да го убие Давид, но тој не му се одмаздил. Јонатан, синот на Саул, знаел дека Јехова го избрал Давид, и затоа му бил верен пријател. Давид направил неколку тешки гревови, но секогаш ги прифаќал советите и исправките од Јехова. Ако си родител, помогни му на детето да сфати колку е важно секогаш да го слуша Јехова, како и оние што ги поставил да нѐ водат.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 39

Првиот цар на Израел

Бог им дал на Израелците судии за да ги водат, но тие барале цар. Самоил го помазал Саул за прв цар, но подоцна Јехова го отфрлил Саул. Зошто?

ПОГЛАВЈЕ 40

Давид и Голијат

Јехова го избрал Давид за следен цар на Израел, и Давид покажал дека Јехова не згрешил што го избрал него за цар.

ПОГЛАВЈЕ 41

Давид и Саул

Зошто Саул го мразел Давид? Како се однесувал Давид кон Саул?

ПОГЛАВЈЕ 42

Јонатан — храбар и верен пријател

Царскиот син му бил добар пријател на Давид.

ПОГЛАВЈЕ 43

Гревот на цар Давид

Една лоша одлука довела до многу проблеми.