Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 8

Вовед во дел 8

Јехова му дал голема мудрост на Соломон, а му укажал и чест да го изгради храмот. Но, овој цар постепено се оддалечил од Јехова. Ако си родител, објасни му на твоето дете како некои што им служеле на лажни богови му влијаеле негативно на Соломон и го навеле да го напушти Бог. Царството се поделило на два дела, и лошите цареви го навеле народот да го отфрли Јехова и да им служи на лажни богови. Во овој период, многу верни пророци на Јехова биле прогонувани и убиени. Под влијание на царицата Језавела, северното царство потонало во уште поголемо идолопоклонство. Тоа било многу тешко време во Израел. Но, дури и тогаш имало многу луѓе кои му останале верни на Јехова. Некои од нив биле царот Јосафат и пророкот Илија.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 44

Храмот на Јехова

Бог ја прифатил молбата на Соломон и му дал важни задачи.

ПОГЛАВЈЕ 45

Царството било поделено

Многу Израелци престанале да му служат на Јехова.

ПОГЛАВЈЕ 46

Испитот на планината Кармил

Кој е вистинскиот Бог? Јехова или Ваал?

ПОГЛАВЈЕ 47

Јехова го зајакнал Илија

Дали мислиш дека може да те зајакне и тебе?

ПОГЛАВЈЕ 48

Синот на една вдовица оживеал

Се случиле две чуда во истиот дом!

ПОГЛАВЈЕ 49

Една злобна царица била казнета

Језавела наместила Израелецот Навутеј да биде убиен само за да му го земе лозјето! Јехова ја видел сета нејзина злоба.

ПОГЛАВЈЕ 50

Јехова му дал победа на Јосафат

Кога непријателските народи сакале да ја нападнат Јуда, добриот цар Јосафат му се молел на Јехова.