Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 9

Вовед во дел 9

Во овој дел ќе дознаеме малку повеќе за некои млади луѓе, пророци и цареви кои покажале цврста вера во Јехова. Во Сирија, едно израелско девојче верувало дека еден пророк на Јехова може да го излечи Нааман. Пророкот Елисеј имал потполна доверба дека Јехова ќе го заштити од непријателска војска. Првосвештеникот Јодај си го ризикувал животот за да го заштити малиот Јоас од неговата злобна баба, Готолија. Цар Езекија покажал доверба во Јехова дека ќе го заштити Ерусалим, и не попуштил и покрај заканите од Асирците. Цар Јосија го отстранил идолопоклонството од целата земја, го обновил храмот и му помогнал на народот повторно да му служи на Јехова.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 51

Силниот воин и израелското девојче

Една млада Израелка ѝ кажала на својата господарка дека Јехова е многу моќен. Така господарот побарал помош од Јехова и бил излекуван со чудо.

ПОГЛАВЈЕ 52

Огнената војска на Јехова

Слугата на Елисеј видел дека на нивна страна има поголема војска отколку на страната на Сиријците.

ПОГЛАВЈЕ 53

Храбриот Јодај

Еден верен првосвештеник ѝ се спротивставил на злобната царица.

ПОГЛАВЈЕ 54

Јехова бил стрплив со Јона

Како дошло до тоа еден Божји пророк да биде голтнат од огромна риба? Како излегол од неа? Каква поука му дал Јехова?

ПОГЛАВЈЕ 55

Еден ангел го заштитил Езекија

Непријателите на Јуда велеле дека Јехова нема да го заштити својот народ, но не биле во право!

ПОГЛАВЈЕ 56

Јосија го сакал Божјиот закон

Јосија станал цар на Јуда кога имал 8 години и им помогнал на луѓето да почнат да му служат на Јехова.