Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вовед во дел 14

Вовед во дел 14

Првите христијани ја проповедале добрата вест за Божјето Царство до сите краеви на Земјата. Исус ги упатил каде да проповедаат. Освен тоа, со чудо им дал способност да зборуваат разни јазици за да ги поучуваат луѓето на нивниот мајчин јазик. Јехова им дал храброст и сила да издржат и покрај силното прогонство.

Исус му дал на апостол Јован видение за славата на Јехова. Во друго видение, Јован видел како небесното Царство го победува Сатана и му става крај на неговото владеење. Јован го видел Исус како Цар, а заедно со него 144.000 други цареви. Исто така, Јован видел дека Земјата станала рај и дека сите луѓе му служат на Јехова во слога и мир.

ВО ОВОЈ ДЕЛ

ПОГЛАВЈЕ 94

Учениците добиле свет дух

Што се случило откако го добиле светиот дух?

ПОГЛАВЈЕ 95

Ништо не можело да ги запре

Верските водачи кои го убиле Исус, се обиделе да ги замолчат и неговите ученици. Сепак, не успеале во тоа.

ПОГЛАВЈЕ 96

Исус го избрал Савле

Савле бил смртен непријател на христијаните, но тоа се сменило.

ПОГЛАВЈЕ 97

Корнелиј добил свет дух

Зошто Бог го пратил Петар кај овој човек кој не бил Евреин?

ПОГЛАВЈЕ 98

Најразлични луѓе станале христијани

Апостол Павле и други мисионери започнале да проповедаат во далечни земји.

ПОГЛАВЈЕ 99

Затворски чувар ја дознал вистината

Во оваа приказна се спомнуваат демон, земјотрес и меч. Што се случило?

ПОГЛАВЈЕ 100

Павле и Тимотеј

Овие двајца пријатели соработувале во службата за Бог долги години.

ПОГЛАВЈЕ 101

Павле бил испратен во Рим

Иако патувањето било многу опасно, ништо не можело да го запре овој апостол.

ПОГЛАВЈЕ 102

Откровението на Јован

Исус му дал повеќе виденија за иднината.

ПОГЛАВЈЕ 103

Да дојде Царството

Од Откровението на Јован гледаме каков ќе биде животот на Земјата кога ќе завладее Божјето Царство.