Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 15

Слави го Јеховиниот првороден Син!

Слави го Јеховиниот првороден Син!

(Евреите 1:6)

  1. 1. Славен да е Царот

    што Бог ни го постави!

    Ни носи мир и правда

    и многу благослови.

    Од престолот свој славен

    ќе потврди за век:

    единствено Јехова

    е Богот Севишен!

    (РЕФРЕН)

    Славен да е Царот

    од Сион што владее!

    Му даде власт Јехова

    на својот Првороден!

  2. 2. Славен да е Царот

    што живот ни подари.

    Се понизи и умре,

    од гревот нѐ откупи.

    „Невестата“ го чека

    во бела облека.

    Бог владее со право,

    ќе докаже тој брак.

    (РЕФРЕН)

    Славен да е Царот

    од Сион што владее!

    Му даде власт Јехова

    на својот Првороден!