Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 19

Господаровата вечера

Господаровата вечера

(Матеј 26:26-30)

  1. 1. Јехова, наш небесен Татко,

    о, колку е свет овој миг!

    Токму оваа ноќ, љубов, правда и моќ

    си покажал одамна ти.

    Со јагне за пасхална жртва

    на Израел спас си му дал.

    Векој подоцна спас Исус донел за нас,

    како јагне тој за нас се дал.

  2. 2. А лебот и виното пред нас

    потсетници сега ни се

    дека животот свој си го жртвувал тој,

    го поништил нашиот грев.

    И одново оваа вечер

    ни враќа во мислите нам

    колку скапоцен дар ти од љубов си дал.

    Си нѐ спасил од смрт, Боже наш!

  3. 3. На покана од тебе сега

    со ценење собрани сме.

    Заслужувате чест ти и Синот за сѐ.

    Благодарни бескрајно сме!

    И секогаш оваа вечер 

    нѐ прави порешени нас

    да сме верни во сѐ зашто пример ни е

    тој што животот за нас го дал.