ПЕСНА 40
На кој бог му припаѓаме?
-
1. Кој бог го избра ти?
И кому му припаѓаш?
Штом некому си му покорен,
твој господар и бог ти е.
Два бога не можеш
да имаш во животот.
Во срцето кој е изборот твој,
на крајот, тој ти е бог.
-
2. Кој бог го избра ти?
И кому му припаѓаш?
На лажниот или правиот,
на нас е сега изборот.
Дал’ уште верни сме
на човек што владее?
Ил’ верни му сме на Бог секој ден,
тој за нас најважен е?
-
3. Кој бог го избрав јас?
Јехова е мојот Бог.
Не постои никој поважен
од мојот Татко небесен.
Ме купи скапо тој,
му должам благодарност.
И сѐ дур’ сум жив, дур’ имам јас здив,
Јехова мој ќе е Бог.
(Види и Ис. Нав. 24:15; Пс. 116:14, 18; 2. Тим. 2:19.)