Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 45

Размислувањето на моето срце

Размислувањето на моето срце

(Псалм 19:14)

  1. 1. Низ денот сѐ што мислам јас,

    што чувствувам во срцето,

    да биде сакам, Боже мој,

    за тебе мудро, пријатно.

    А кога имам грижи, бол,

    и ноќе не ме фаќа сон,

    те молам, дај ми сила ти

    да мислам пак на доброто.

  2. 2. За сѐ што чесно, чисто е,

    во твои очи пофално,

    да мислам сакам, Боже, јас,

    за да ми даде спокојство.

    О, колку вреден е за нас

    од тебе секој совет, збор.

    Во мислите ги носам јас,

    ги чувам нив во срцето.