Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 58

Да ги бараме кротките!

Да ги бараме кротките!

(Лука 10:6)

  1. 1. Нашиот пример Исус Христос е.

    По правлив пат, во жежок ден

    тој одел не штедејќи се.

    Од ден на ден, од утро сѐ до мрак

    со љубов одел да бара

    кротки луѓе пак.

    И ние спремно одиме

    по куќите, улиците,

    со веста дека маките се при крај.

    (РЕФРЕН)

    Решени сме

    да служиме со сета душа.

    Решени сме

    за Бог по цел свет да се слуша.

    Нема до крај

    да запреме!

  2. 2. Времето тече незапирливо,

    а секој живот, секој здив,

    е толку скапоцен за Бог.

    Ние од љубов сѐ ќе сториме

    за нова надеж да има

    срцето без лек.

    Ќе бараме дур’ можеме

    за некого да спасиме,

    а радоста нѐ бодри секој нов ден.

    (РЕФРЕН)

    Решени сме

    да служиме со сета душа.

    Решени сме

    за Бог по цел свет да се слуша.

    Нема до крај

    да запреме!