ПЕСНА 94
Благодарни сме му на Бог за неговата Реч
-
1. Јехова, наш Татко, благодарни сме
што денес ја имаме твојата Реч!
Нѐ водиш преку неа,
нѐ учиш секој ден.
Со твоите мисли исполнета е.
-
2. Да продре до нашата срж моќна е —
најдлабоко во нас да промени сѐ.
Начелата од неа
нѐ водат секој ден.
Законите јасни и праведни се.
-
3. До срцето лесно ни допира нам,
пишувале луѓе со чувства ко нас.
Јехова, фала многу
за твој’та Света Реч,
најдобриот водич во животот е!
(Види и Пс. 19:9; 119:16, 162; 2. Тим. 3:16; Јак. 5:17; 2. Пет. 1:21.)