ПЕСНА 96
Божјата сопствена книга — богатство
-
1. На светот има една стара книга
што носи радост, утеха и мир.
И само таа може да им даде
на „мртви“ живот, а на „слепи“ вид.
Се вика Свето писмо таа книга,
а писателите ги избрал Бог.
Му биле верни слуги што ги сакал.
Со својот дух им давал водство тој.
-
2. А тие точен опис нам ни дале
за тоа како создавал Бог сѐ,
и што му дал на човекот во рајот,
но зошто после изгубил тој сѐ,
за еден ангел бунтовник што станал
и власта му ја оспорил на Бог.
Тој бунт ни донел смрт и многу болки,
но ќе му дојде крај на сето зло.
-
3. А ние денес може да сме среќни —
Бог сета власт на Исус му ја дал.
И нека сите луѓе чујат од нас
што сѐ ќе смени Исус како Цар.
Да, Речта Божја вистинска е гозба —
ни нуди вкусно залче секој час.
Во душа голем мир ни носи таа.
Зар има нешто послатко за нас?
(Види и 2. Тим. 3:16; 2. Пет. 1:21.)