Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 111

Имаме многу причини за радост

Имаме многу причини за радост

(Матеј 5:12)

  1. 1. Ни гори во срцето радост

    сѐ посилно, секој нов ден.

    Бог собира луѓе од цел свет,

    скапоцени за него се.

    Непресушен извор на радост

    е Божјата чудесна Реч.

    Штом од неа црпиме мудрост,

    со вера исполнети сме.

    Длабокото чувство на радост

    од нашиот Бог ни е дар.

    Па, дури и кога е тешко,

    не згаснува, тлее ко жар.

    (РЕФРЕН)

    Јехова е прекрасен Бог,

    наш извор на радост е тој.

    Неисцрпно мудар, Семоќен е,

    и добар кон народот свој!

  2. 2. Небесата, Земјата цела

    го фалат со нечуен глас.

    Што повеќе учиме за нив,

    благодарност блика од нас.

    За Царството веста се шири,

    ја дознава целиот свет,

    и какви благослови носи

    насекаде познато е.

    А близу е денот и кога

    ќе нема на радоста крај.

    Ко сонце по дождот ќе блесне

    ветениот живот во рај!

    (РЕФРЕН)

    Јехова е прекрасен Бог,

    наш извор на радост е тој.

    Неисцрпно мудар, Семоќен е,

    и добар кон народот свој!