ПЕСНА 115
Благодарни сме за Божјата стрпливост
-
1. Боже, ти имаш бескрајна моќ.
Еднаквост сакаш, праведност.
Но, сега злото владее,
тоа те боли, знаеме.
Некои велат пребавен си,
иако само стрплив си ти.
(РЕФРЕН)
Со цврста надеж во тебе,
чекаме и благодарни сме.
-
2. За тебе, Боже, векови се
како да минал еден ден.
Но, твојот суд ќе пристигне
сигурно точно навреме.
Иако мразиш секакво зло,
простуваш и си милостив Бог.
(РЕФРЕН)
Со цврста надеж во тебе,
чекаме и благодарни сме.
(Види и Неем. 9:30; Лука 15:7; 2. Пет. 3:8, 9.)