Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 120

Да бидеме благи како Исус

Да бидеме благи како Исус

(Матеј 11:28-30)

  1. 1. На Земјата Исус бил пратен од Бог,

    бил совршен човек, но не станал горд.

    Најважната улога Бог му ја дал,

    а сепак бил понизен, добар и благ.

  2. 2. На сите со некаква мака и бол,

    им нуди да земе од товарот тој.

    Ги јакне и секогаш покрај нив е.

    Понизните, кротките, мили му се.

  3. 3. Нам Исус ни рекол ко браќа да сме,

    да служиме место да бараме чест.

    На сите што благи и понизни се

    им ветува живот во новиот свет.

(Види и Изр. 3:34; Мат. 5:5; 23:8; Рим. 12:16.)