Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 136

Јехова ги наградува своите слуги

Јехова ги наградува своите слуги

(Рут 2:12)

  1. 1. Јехова е свесен за целиот труд

    на сите што ревносни се.

    Од горлива желба да дадат за Бог,

    жртвуваат некогаш сѐ.

    Да оставиш семејство, пријател, дом,

    за цената Бог свесен е.

    За надомест прекрасно братство им дал

    и живот во новиот свет.

    (РЕФРЕН)

    Нека Бог вам ви даде награда,

    за сите дела плата целосна.

    Нека ве чува под крилјата.

    Јехова е верен, ќе исполни сѐ.

  2. 2. Понекогаш товарот претежок е

    од животот во овој свет.

    И секој нов ден нови грижи е полн,

    на крајот на силите сме.

    Но, секогаш крај нас е нашиот Бог,

    нѐ теши, ни помага тој.

    Со братството и преку својата Реч,

    се грижи за народот свој.

    (РЕФРЕН)

    Нека Бог вам ви даде награда,

    за сите дела плата целосна.

    Нека ве чува под крилјата.

    Јехова е верен, ќе исполни сѐ.