Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 142

Цврсто да се држиме за нашата надеж

Цврсто да се држиме за нашата надеж

(Евреите 6:18, 19)

  1. 1. Предолго луѓето тапкаат во темно.

    Ветер и магла е сиот нивен труд.

    Сѐ дур’ е сурова реалност гревот,

    немаат спас, ќе се вртат в круг.

    (РЕФРЕН)

    Пресреќни сме, Исус Цар веќе е

    и Божјето Царство ќе промени сѐ.

    Целото зло е пред крај, сигурно.

    Ко котва е нашата надеж во Бог.

  2. 2. „Близу е Божјиот ден“, се шири веста.

    Никој не ќе рече: „Боже, каде си?“

    Несреќни воздишки тогаш ќе нема,

    затоа запеј со радост ти!

    (РЕФРЕН)

    Пресреќни сме, Исус Цар веќе е

    и Божјето Царство ќе промени сѐ.

    Целото зло е пред крај, сигурно.

    Ко котва е нашата надеж во Бог.